Агент во оддел за односи со клиенти - Скопје

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Битола

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на

Ново работно место: Aгент во оддел за односи со клиенти

Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС/ВСС;
  • Минимум 2 години работно искуство во струката;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Аналитичност, објективност, тимски работник;
  • Систематичност, организираност, иницијативност;
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено).

Одговорности и работни задачи:

  • Примање на дојдовни повици од потрошувачи;
  • Остварување на појдовни повици кон потрошувачите;
  • Водење на евиденција за остварените повици во софтверот на Друштвото;
  • Подготвување на извештаи за остварените повици и доделени кампањи; 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Месечна нето плата во износ од 18.450 денари;
  • Работа во смени, понеделник - сабота (09:00h-18:30h)
  • Неделното работно време е 40 часа;

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за Агент во оддел за односи со клиенти“.

Огласот е активен до 06.08.2017 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »