Сектор за комерција

  • Објавен пред 2 недели
  • ТЕХНОКЛИМА
  • Активен до 23.06.2021
  • Позиција: Дистрибутер/комерцијалист/набавки
  • Локација: Скопје

ТЕХНОКЛИМА - Скопје постои 21 година на пазарот и неуморно ги следи крупните чекори во областа на климатизацијата и вентилацијата, застапувајќи светски брендови. Со своето долгогодишно постоење Техноклима денес резултира со зголемен број на вработени и голем број задоволни клиенти преку успешно завршена работа на објекти од различен карактер.

ТЕХНОКЛИМА поради проширување на обемот за работа објавува оглас за вработување за работно место во:

СЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈА 

Одговорности и задачи:

- Изготвување на понуди и останати комерцијални документи;

- Изработка на ценовници;

Контакт со клиентите од земјата и странство;

- Следење и реализација на зададен таргет план;

- Развивање и одржување на односите со клиенти;

- Грижа за пласман на производите се со цел подобрување на нивна продажба;

- Дирекна продажба и маркетинг;

- Грижа за купувачи;

- Следење и известување за активности на пазарот;

- Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето.

Потребни квалификации:

- Машински факултет ќе се смета за предност;

- Преговачки и комуникативни способности;

- Компјутерски способности – MS Office;

- Познавање на англиски јазик;

Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;

- Останати вештини: самоиницијативност, идеи, лојалност, посветеност, почитување и завршување на задачите во зададените рокови.

Испратете го Вашето CV на e-mail: [email protected]