Систем администратори

За компанијата: Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија... повеќе за компанијата »

Акцент има потреба од систем администратори:

Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.

Потребни квалификации:

  • искуство со ИТ вештини од областа на системска и мрежна администрација
  • познавања за ИТ системска организација, Возачка дозвола 'Б' категорија, Познавање на англиски јазик

Работни обврски на бараното работно место:

  • Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
  • Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
  • Администрирање на регуларни резервни копии (бекап);
  • Изготвување на техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
  • Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
  • Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.KVM);
  • Конфигурирање и одржување на Linux OS (ќе се земе за предност);
  • Конфигурирање и одржување на MS Windows;
  • Администрирање на Domain Controller;

Ве молиме испратете е-маил со Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на тестирање.

Рок за пријавување 20.06.2021.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »