ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО

  • Објавен пред 4 месеци
  • Нептун Македонија
  • Активен до 17.05.2019
  • Позиција: Возач/управувач
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Нептун Македонија:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА-СТРУМИЦА

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, за потребите на својот современ и модерен логистички центар во општина Илинден, распишува оглас за вработување на:

 

ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО

 

Потребни квалификации и вештини: 

  • Завршено средно образование
  • Минимум 2 години работно искуство како возач на товарно возило 
  • Поседување на возачка дозвола Ц категорија
  • Познавање на законската регулатива од областа на сообраќај
  • Високо ниво на одговорност, педантност, точност и квалитетно извршување на работните задачи
  • Флексибилност за работа во тим и самостојна работа

 

 Одговорности и работни задачи:

  •  Управува со товарните возила на Друштвото за превоз на стока на кратки и на долги релации низ Македонија
  • Врши редовна безбедносна инспекција на возило
  • Известува за дефекти, инциденти или прекршоци во сообраќајот
  • Транспорт на материјали и производи од централен магацин или царински склад до продажни места и клиенти
  • Работи во потполна согласност со законска регулатива од областа на сообраќајот
  • Проверка на фактичката состојба на стоката при предавање на истата
  • Контрола и распоредување на трговска стока за достава во возилото
  • Води евиденција за секое патување со уредно пополнет патен налог
  • Следење на насоките и стандардите за комуникација со купувачите при процесот на испорака на робата

 

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Работно време од 40 часа неделно; понеделник - сабота

 

Доколку сте заинтересирани за позицијата, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk или директно преку веб апликацијата, со назнака: „Оглас за возач на товарно возило“

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

КЛИКНИ