Оператор на кипер

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

МЕРМЕРЕН Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР НА КИПЕР

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Средно  образование  
  • Со или без работно искуство

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Транспорт на јалова мермерна маса материјали, репроматеријали, резервни делови  и полупроизводи во Област Експлоатација со камион кипер.

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Работи во експлоатација на мермерна минерална маса.
  • Има соодветна возачка дозвола за категоријата на возилото со кое се управува.
  • Ракува со тешки транспортни возила - кипер и сл.
  • Се придржува на пропишаните мерки  за безбедност и здравје при работа и ја користи опремата за заштита при работа со која е задолжен.
  • Се грижи за примена на пропишаните мерки за заштита на животната средина.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
  • Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
  • Основна нето плата 37.000 денари (176 работни часа)
  • Работно време во смени: 06:00 – 14:00   14:00 -22:00    22:00 - 06:00

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “ ОПЕРАТОР НА КИПЕР”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ОПЕРАТОР НА КИПЕР  ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »