Платена практикантска работа

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

Објавува

ОГЛАС

ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

во СЕКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

 

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА за 3 инженери - практиканти во Секторот за безбедност и здравје при работа.

Програмата ги опфаќа следните области:

  • Законски барања од областа на Безбедност и здравје при работа, како и интерните системи и процедури
  • Администрирање и евидентирање на прашања поврзани со БЗР
  • Учество во безбедносни контроли, технички инспекции на опремата, мерења на штетности на работните места
  • Надзор при извршување на активности поврзани со БЗР во фабриката

Квалификации на кандидатите:

  • Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на студиите Дипломиран инженер или завршна година на технолошки, хемиски, електротехнички, машински или градежен факултет
  • Одлично пoзнавање на Microsoft Office апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

 Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо на англиски јазик

2.    Биографија (CV)

3.    Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци, со можност за продолжување.

Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

https://www.usje.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.