Припремач во автолакирница

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ПРИПРЕМАЧ ВО АВТОЛАКИРНИЦА

БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ: 6

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Подготовка и проверка на површината пред фарбање (одмастување, китирање, стругање и фино китирање)
  • Правилно користење на сите видови материјали и алати за китирање

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:

  • Млади лица штотуку завршени од било која струка кои сакаат да учат и работат – ќе бидат вклучени во процес на специјализирана обука за неискусни подготвувачи
  • Искусни лица од компатибилни струки: фасадери, гипсари, молери - ќе им се обезбеди дообука
  • Искусни припремачи од сервиси за возила

ШТО НУДИМЕ:

  • За искусните нудиме најконкурентна плата во земјата, како и можност за екстра месечни примања
  • За понеискусните нудиме специјални пакети на плата за времето на обука/дообука до моментот на целосно интегрирање во работната задача и понатамошно ангажирање како мајстори во струката
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Безбедна и здрава работна околина како и лична заштитна опрема според највисоки европски стандарди за безбедност и здравје при работа во таква средина
  • Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 19.11.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »