Конкурс за ангажирање на правен/-на советник/-чка

Конкурс за ангажирање на правен/-на советник/-чка

ХЕРА објавува јавен оглас за вработување на правен/-на советник/-чка во рамки на проектот „Унапредување на репродуктивното здравје на Ромките“, во времетраење до 31.12.2020

Опис на ангажман:

Правниот/-та советник/-чка е одговорен/-на за нудење правна поддршка на Ромите за остварување на социјалните и здравствените права во рамките на младинскиот центар за Сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам” во општина Шуто Оризари. Правниот/-та советник/-чка ја помага теренската и стационарната работа на параправничките кои обезбедуваат едукација и советување на Ромките за социјалните и здравствените права.

Ова вклучува документирање на случаи на дискриминација и прекршување на човекови права (здравствени, социјални, репродуктивни права) на претставници на ромската заедница; следење и поддршка на теренските работници кои нудат параправна помош на населението (сместени во Младинскиот центар „Сакам да знам – Шуто Оризари”), учество во јавни настани за правно зајакнување на ромската заедница; изготвување и проследување правни акти до надлежните институции; помагање во изработка на правни акти за организацијата.

  1. Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Диплома од правен факултет
  • Познавање на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права и заштита од дискриминација
  • Сензибилизираност за работа со ранливи групи на граѓани
  • Изградени вештини за тимска работа и комуникација
  • Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft Office)
  • Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
  • Самоиницијативност
  • Насоченост кон навремено исполнување на предвидените активности

За предност ќе се смета:

  • Положен правосуден испит
  • Работно искуство во граѓански сектор
  • Работно искуство во обезбедување правна помош на маргинализирани заедници

 

За предвидената позиција е предвиден надомест од 29.562,00 денари месечно, во бруто износ.

Работното време е 30 часа во работната недела.

Најдоцна до 25 февруари 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • детална биографија на македонски
  • писмо за мотивација на македонски јазик до 300 зборови
  • потврда за завршено образование
  • препорака од претходните работни ангажмани

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.

ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за правен/-на советник/-чка можете да ги доставите на еден од следниве начини:

Електронски:

[најави се за да го видиш е-маилот]  

По пошта:

 

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »