Kомјунити менаџер и креативец

За компанијата: БД Група е маркетинг агенција, тим составен од креативни и уметнички експерти, медиумски планери, оддели за производство и организирање, туку и од високо квалификувани аналитичари, финансиски менаџери... повеќе за компанијата »

Еден на еден, има потреба од:

 

Комјунити менаџер и креативец, кој ќе се приклучи на тимот. 

 

Опис на работното место:

Ако имаш минимум една година работно искуство во маркетинг агенција на позиција како креативец, ПР или социјални медиуми и бараш нов предизвик ние би сакале да те запознаеме.

Би било добро да си човек кој што знае убаво да се изрази во пишана форма и да знаеш да креираш содржини кои ќе привлечат внимание. Сакаме да генерираме идеи кои ќе пратат пораки што ќе бидат разбрани од луѓето кои треба да ги чујат.

 

Твои одговорности:

  • Креирање и имплементирање на стратегии наменети за социјалните медиуми,
  • Креирање на комуникациски и креативни стратегии,
  • Креирање на содржини на социјалните медиуми кои треба да се во согласност со предвидените стратегии,
  • Креирање на извештаи за завршените задачи,
  • Организирање и учество во настани кои ќе имаат цел промоци на брендовите за кои работиме,
  • Градење односи со потрошувачите преку социјалните медиуми и навремено одговарање на нивните барања
  • Заедничка силна координација и вклучување во останатите сектори на агенцијата согласно со можностите.

 

Потребни квалификации:

  • Желба за нов предизвик, нови знаења и љубопитност,
  • Минимум една година работа во маркетинг агенција,
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик,
  • Искуство во креирање на креативни планови кои ќе се имплементираат на повеќе комуникациски платформи,
  • Одлични вербални и пишани вештини,
  • Способност за анализа на статистики кои се генерирани од социјалните медиуми,
  • Внимание на детали и способност за мултитаскинг,
  • Способност за тимска работа.

 

Сите заинтересирани испратете кратка биографија на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »