Стручен соработник - медицински претставник

  • Објавен на 8.2019
  • Амикус Фарма
  • Активен до 30.08.2019
  • Позиција: Медицински персонал/Негуватели
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38923286451

Швајцарска компанија која се бави со промоција и продажба на фармацевтски препарати и медицински помагала од палетите на повеќе светски реномирани фармацевтски производители и континуирана едукација на лицата вработени во здравствениот систем на Р.Македонија има потреба од 1 стручно-комерцијален соработник (за брендовите UPSA, MUSTELA).

Опис на работата:

  • Секојдневна посета на лекари и фармацевти 
  • Промоција и презентација на фармацевтски производи и медицински помагала
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели
  • Редовни извештаи од теренската работа и дополнување на базата на податоци од теренот
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
  • Учество и организирање на стручни едукативни собири
  • Интерна комуникација со координаторот за продажба, продукт менаџерите и соработниците во  тимот и екстерна комуникација со клиентите во соодветниот регион.
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските резултати и грижа за угледот на компанијата.

 

Потребни квалификации:

  • ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација
  • Минимум две години работно искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност

 

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски способности
  • Одлични презентацијски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние нудиме:

  • Работа во  амбициозен и професионален тим 
  • Континуирана обука и можност за напредување

 

Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3-6 (три до шест) месеци, со можност за продолжување на договорот и вработување на неопределено.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок, со можни исклучоци за време на стручни собири и службени патувања.

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

Доколку сакате ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим, Ве повикуваме да ги испратите писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи на следната електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] во периодот од 15 до 30 август 2019, со назнака: „За оглас – Стручно комерцијален соработник“.

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот ќе трае 15 (петнаесет) дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 до 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »