Медицински претставник

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu или страницата на ЕЛ Фарма www.elpharma.com

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место: 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци, застапувајќи го портфолиото на реномиран производител кој е присутен на македонскиот пазар повеќе од 20 години.

 

Потребни квалификации:

  • ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација,
  • Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност.

 

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител,
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти,
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија,
  • Редовни извештаи,
  • Учество и организирање на стручни собири,
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.

 

Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Одлични комуникациски и презентациски способности,
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

 

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.  Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:30 д 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »