Специјалист за корисничка поддршка со холандски јазик

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Стани дел од новиот тим за нашиот проект со холандски јазик! Станува збор за проект во областа на корисничката поддршка за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран! Работната позиција не вклучува продажба.

 

Што ти нудиме?

- Конкурентна плата од 900 евра
- Платена обука
- Можност за работа од дома
- Договор за вработување на полно или скратено работно време
- Можност за професионален напредок и развој
- Секојдневна примена на холандскиот јазик и можност за негово усовршување
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух
- Бонуси за препораки за вработување 

 

Придружи се на нашето City Connect семејство како агент за корисничка поддршка со холандски јазик!

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
  • Ќе им нудиш поддршка на корисниците и навремено ќе одговараш на нивните прашања поставени преку телефон, е-маил и chat
  • Секојдневна ќе комуницираш на холандски јазик
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот 
  • Прашањата кои ќе ги добиваш од страна на клиентите најчесто се поврзани со нудење помош и давање информации на корисниците во врска со производите и услугите кои клиентот ги нуди

 

Како знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на холандски јазик
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично окружување
  • Имаш желба за запознавање на различни култури
  • Имаш основни познавања од работа на компјутер

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »