Електро техничари – техничка контрола

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Поврзување со напојување, батериите, детектирање и отсранување на дефекти
  • Солидно познавање на Инсталација на софтвер, програмирање и подесување на параметри
  • Почетно стартување на автобусот
  • Проверка на инструмент табла со инструменти (додека работи моторот) + детекција и отстранување на дефекти
  • Дијагностицирање со компјутер на ( мотор, менувач, АБС, ЕСЦ) и бришење на датотеката со грешки
  • Работа со електричарски алат и инструменти (унимер)
  • Читање на електрични шеми и препознавање на симболи

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум средно образование од техничките струки;
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
  • Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 01.12.2021 година.