
Ewopharma AG е компанија-наследничка на M.R. Leclerc & Co. основана во 1959 година. Од самиот почеток, нашиот главен фокус единствено беше насочен кон градење мостови кон фармацевтските пазари во Централна и Источна Европа. Многу се има променето од 1959 година до денес, како на економски, така и на политички план, и за овој период ние се здобивме со многу длабоко познавање на пазарите и ситуацијата низ регионите. Кога започнувавме идејата ни беше да бидеме партнер за маркетинг-услуги за фармацевтските компании, но оттогаш ние успеавме да пласираме на пазарот и наши патентирани производи. Со постојано надгледување од нашето главно седиште во Schaffhausen, Швајцарија, ние сега успешно го насочуваме нашето знаење и искуство преку лансирање производи на Ewopharma, како и на другите наши партнерски брендови, на нашите целни пазари. Во 2004 година, се придруживме на RX-Alliance, професионална мрежа за соработка помеѓу успешни фармацевтски компании кои се активни на избраните европски пазари.
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Опис на работнoто место:
• Комуникација и посета на стручни лица – лекари од општа пракса и специјалисти, аптеки;
• Креирање на комуникациски стратегии со соодветните профили на лекари кои би придонеле во зголемена доверба од препораката на тие производи и нивен зголемен излез во малопродажбата;
• Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности.
Потребни квалификации:
• Завршено Високо Образование – медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
• Пожелно е минимум едногодишно искуство на истата позиција;
• Валидна возачка дозвола Б категорија;
• Одлично познавање на MS office пакетот;
• Одлично познавање на Англиски јазик.
Професионални знаења и способности:
• Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
• Висока мотивираност, професионалност и дисциплина;
• Способност бенефитите од лековите да умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;
• Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака на позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 08.02.2019 година
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.