За компанијата: Компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Одговорности:
- Да осигура усогласеност на работењето на компанијата во согласност со Групните политики и локалната законска регулатива;
- Да осигура усогласеност со локалната даночна и трговска легислатива и упатства (вклучувајќи подготовка на релевантни даночни извештаи, извештаи за потребите на НБРМ);
- Асистира во месечното затварање и подготовката на Годишната сметка;
- Одговара за правилна алокација и евидентирање на сите релевантни трансакции во сметководството (побарувања од купувачи, обврски кон добавувачи, банкарски трансакции, основни средства и сл.);
- Учествува во усогласување на отворени ставки со добавувачи и купувачи;
- Учествува во усогласување на отворени интеркомпаниски ставки;
- Поддршка во подготовката за навремено плаќање, наплата од добавувачи и купувачи, подготовка на предвидувања за паричните текови;
- Асистира во подготовката на документацијата за интерна контрола и извршува интерни контроли и
- Изработува дополнителни извештаи за потребите на компанијата
Потребни Квалификации
Високо Образование предност со Економски факултет
Минимум 2 години работно искуство на иста позција во автомобилска индустрија
Одлично познавање на Англиски јазик (пишан и вербален)
Одлично познавање на MS Office (excel)
Способност да се работи во динамична средина
Силни комуникациски и презентациски вештини
Одговорност, тимски дух , подготвен за соработка
Ве молиме Вашата апликација да ја испратите на маил [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 13 Март 2023
Слични огласи »