МАГАЦИОНЕРИ И ВОЗАЧИ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, за потребите на својот современ и модерен логистички центар во општина Илинден, распишува оглас за вработување на:

                          МАГАЦИОНЕРИ

            ВОЗАЧИ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО

Потребни квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Претходно работно искуство со магацински работење; 
  • Искуство со употреба на бар-код читачи;
  • Поседување на возачка дозвола Ц категорија (за возач на товарно возило);
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (за магационер).

Што очекуваме?

  • Високо ниво на одговорност и навремено и квалитетно извршување на работните задачи;
  • Задолжително носење на заштитна опрема;
  • Одржување на безбедна и уредна работна средина, согласно пропишаните процедури;
  • Придржување до сите интерни и екстерни мерки за заштита при работа;
  • Организираност, иницијативност и посветеност, со цел постигнување на висока ефикасност и продуктивност;
  • Точост и навременост во испорачувањето на стоките до одредените локации.

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа во 2 смени, вкупно 40 часа неделно; понеделник - сабота.

Доколку сте заинтересирани за некоја од бараните работни позиции, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: „Оглас за магацин“
Огласот е активен до 31.08.2018 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот);
  • Назнака на позицијата за која се аплицира;
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »