ОГЛАС ЗА МИЈАЧ НА САДОВИ:
Работни одговорности на Садомијач во Ресорт Маврово ДОО:
- Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Мијач на садови.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност;
- Педантност во работата.
Потребни квалификации:
- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
- Работно искуство во кујна ќе се смета за предност;
- Познавање на основната работа во кујна;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Садомијач.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 15.03.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.