Стручно лице за дигитален маркетинг

За компанијата: Компанијата Аполло е брзорастечка компанија која се занимава со големопродажба и малопродажна, воедно и е дел од меѓународната компанија Аполло. Во своја сопственост ги има малопродажната продавница Бејби... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Оглас за работа

Компанијата Аполло е брзорастечка компанија која се занимава со големопродажба, воедно и е дел од меѓународната компанија Аполло. Во своја сопственост ги има малопродажните продавници Бубамара, кои се специјализирани за продажба на производи за бебиња и деца. Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од нов соработник/ вработен.

Стручно лице во областа дигитален маркетинг (м/ж)

 

Доколку сте позитивна, иновативна личност, насочена кон напредок, со искуство во областа дигитален маркетинг, управување со интернет продажба, доколку сте креативни во пишување текстови/ описи, Вие сте вистинската личност за нашиот тим.

 

Опис на работно место:

  • Управување со интернет продажба

  • Администрација на интернет продажба

  • Дизајн и уредување на интернет активности

  • Пишување текстови/ описи за интернет страницата

  • Управување и уредување на содржини на социјалните мрежи

  • Координација со надворешни соработници

  • Дизајн, поставување и следење на текот на интернет/ дигиталната кампања

  • Останати работи во областа на маркетингот

 

Квалификации:

  • Минимум 3 години работно искуство во областа на водење интернет продажба и дигитален маркетинг

  • Конкретни искуства во управување со интернет продажба

  • Искуство во водење на социјални мрежи

  • Креативно подготвување на маркетинг материјали

  • Стремеж кон постигнување цели, мотивираност, одговорност и професионален пристап

  • Комуникативност, став, познавање на е-комерција, трендови во областа на дигитален маркетинг

  • Иновативност, брзина, точност, прилагодливост, достапност, снаодливост

  • Познавање на српски или хрватски јазик

 

Нудиме:

  • Вработување на одредено, а потоа и на неодредено време

  • Вработување на половина работно време

  • Работа во млад и креативен тим во пријатно и динамично опкружување

  • Интерактивно работно место со многу можности за напредување и изразување на сопствениот став

  • Редовни и мотивирачки месечни примања

 

Работното место е во компанијата која е со седиште во Скопје, а својата пријава за вработување испратете ја на македонски и англиски јазик, најдоцна до 19.07.2019 на email: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »