Продавач - Кичево

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради понатамошен развој на своите операции, распишува оглас за вработување на:

ПРОДАВАЧ

Со место на вршење на работните задачи во Кичево – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба; 
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
  • Пожелно е поседување на возачка дозвола Б категорија;   
  • Познавањето на англиски јазик ќе се смета за предност;

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот салон;

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
  • Работа во смени, вкупно 40 часа неделно;понеделник - сабота

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за продавач во Кичево” или преку пополнување на веб апликацијата.
Огласот е активен до 19.08.2018 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »