Аксон Холдинг ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана во 1995 година со седиште во Скопје. Дејност на компанијата е промет на големо со храна за доенчиња и мали деца, додатоци на исхрана, влажни марамчиња и др.
Со цел понатамошен континуиран и долгорочен раст и развој на компанијата, распишуваме конкурс за работна позиција:
- КОМЕРЦИЈАЛЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
Потребни квалификации:
- VII-1 степен на стручна подготовка - медицински, фармацевтски, стоматолошки факултет, биологија, биохемија, нутриционизам;
- со или без работно искуство во промоција на производи;
Опис на работно место:
- Секојдневна посета на лекари и фармацевти;
- Промоција и презентација на производите;
- Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели;
- Редовни извештаи од работа на терен;
- Организација и учество на стручни и едукативни настани.
Потребни вештини и способности:
- Активно познавање на англиски јазик;
- Активно познавање на MS Office;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Одлични комуникациски и презентациски способности;
- Организираност и одговорност кон доверените задачи;
- Флексибилност и способност за тимска работа;
Ви нудиме одлични услови за работа, обука, како и можност за истакнување на своите професионални способности.
Ве молиме за достава на Вашето CV на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.