ПРВА ЖИВОТ АД Скопје лого

Раководител на продажен тим

(преземи го огласот како слика)

Дали имате визија за тоа како луѓето би ја обезбедиле својата иднина?

Дали сте подготвени да водите и да инспирирате нов тим кон успех?

Прва Живот – нова и динамична компанија за животно осигурување која носи иновации и свежина на пазарот, бара Раководител на продажен тим кој ќе го води креирањето и развојот на тимот и ќе го дефинира растот на компанијата.

Главни задачи:

  • Регрутирање и формирање на новиот продажен тим.
  • Водење и инспирирање на тимот за постигнување на високи цели.
  • Развивање нови продажни канали и услуги, како и нивно усовршување.
  • Промовирање на растот на пазарот и зголемување на бројот на клиенти.
  • Подготовка на извештаи и анализа на резултати.
  • Следење и постигнување на утврдените цели.

Очекувања:

  • Минимум 3 години искуство на слични позиции.
  • Познавање на индустријата на осигурување ќе се смета за предност.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Способност за ефективно водење и мотивирање на тим.
  • Желба за активно учество во теренска работа.
  • VII ниво на образование.

Што нудиме:

  • Работа во динамична и иновативна средина со млад и мотивиран тим.
  • Можност за континуирано професионално усовршување и учење.
  • Конкурентна плата и атрактивни бонуси.
  • Дополнителни бенефиции, како што се доброволно пензиско осигурување, приватно здравствено осигурување и други.
  • Службено возило што може да се користи и за приватни потреби.
  • Тимски активности, спортски настани, патувања и забави.

Како да аплицирате: Испратете го вашето CV и убедливо мотивациско писмо до 20.01.2025 година на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за позицијата Раководител на продажба.

Зошто да се придружите на Прва Живот?

Прва Живот е нова компанија која носи иновации и свежина на пазарот на животно осигурување. Ние сме динамична и амбициозна компанија која се стреми да стане лидер на пазарот, и тоа преку создавање на тим кој ќе биде носител на нашето растење и успех. Нудиме поддршка, обука и стимулативна работна средина која ќе ви овозможи да се развивате како лидер и да водите тим кон нови висини.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »