За компанијата: МАНИ дооел е компанија со 30 годишно искуство во транспортната ладилна индустрија. Како официјален претставник на Carrier Transicold на своите ценети клиенти им нуди ладилни уреди од брендот Carrier, како...
повеќе за компанијата »- Објавен на 8.2022
- Мани ДООЕЛ
- Активен до 07.09.2022
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
- Instagram: [email protected]
МАНИ дооел е компанија со 30 годишно искуство во ладилната индустрија. Како официјален претставник на Carrier Transicold ја покрива територијата на Македонија, Косово и Бугарија. Поради зголемениот обем на работа, компанијата има потреба од
МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА на територијата на Република Северна Македонија и Косово
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Работа со постоечки клиенти и активно барање на нови клиенти
- Унапредување на продажбите на ладилни уреди и резервни делови
- Исполнување на продажните планови и поставените цели
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба
- Активна потрага по нови сервисни партнери
- Развој на постојната база на клиенти
- Промоција на производи од компаниското портфолио
- Подготовка на аналитички информации
- Учество на саеми/изложби, маркетинг и корпоративни настани
- Разгледување на трендовите на пазарот и маркетинг трендовите со цел да се следат комерцијалните таргети и да се овозможи раст на продажбата врз основа на информирани одлуки
- Градење на клучни и долгорочни релации со нови компании
- Креирање понуди и преговори со компании
- Достигнување на продажни таргети на месечно, квартално и годишно ниво
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование од областа на Бизнис менаџмент или Маркетинг ќе се смета за предност
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
- Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на MS Office пакетот
- Валидна возачка дозвола, Б категорија
- Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање
- Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Заинтересираните кандидати треба да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Менаџер за продажба за Македонија и Косово. Компанијата го задржува своето право да ги контактира само најсоодветните кандидати во процесот на интервјуирање и селекција.
Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.