Правен асистент (Извршител)

„ОГЛАС ЗА ПРАВЕН АСИСТЕНТ

Адвокатското друштво „КОЛЕМИШЕВСКИ И ПАРТНЕРИ” од Скопје, има потреба од ангажирање на правен асистент (еден извршител).

Потребни квалификации:

• Високо образование, завршен Правен факултет со завршени 3 години правни студии и тековно д е студент на мастер студии по право,

• Со или без работно искуство,

• Одлично познавање на Англиски јазик,

• Одлично познавање на MS Office.

Професионални знаења и способности:

• Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти,

• Ориентираност кон остварување на резултати,

• Изразени комуникациски вештини,

• Самоиницијативност, лојалност, и професионалност,

• Способност за тимска работа.

Дополнителни информации:

Адвокатското друштво нуди комплетна програма за прилагодување и вовед во работата, динамична и атрактивна работна околина и можност за стручно усовршување и континуиран професионален развој. Избраниот кандидат ќе биде пријавен во редовен работен однос.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 20.05.2022 година. Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју за работа.“

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »