(преземи го огласот во Word)
Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu и www.phoenix-all-in-one.eu
Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место
РЕФЕРЕНТ ЗА РЕГУЛАТОРНИ РАБОТИ
Потребни квалификации:
· ВСС: дипломиран фармацевт/магистер по фармација
· 1 година искуство во регулатива
· Лиценца за работа
Потребни вештини и способности:
· Одлични комуникациски способности
· Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
· Познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
· Познавање на MS Office
· Возачка дозвола Б категорија – активен возач
Опис на работата:
· Следење на прописите од областа на регулативата во Р. С. Македонија, како и ЕУ регулатива
· Подготовка и аплицирање на документација за регистрација, обнова и варијации на лекови и медицински средства
· Категоризација и упис на додатоци на исхрана во Регистарот на додатоци
· Подготовка и поднесување на досие за граничен производ
· Собирање на документација за ставање на козметика во промет
Ние нудиме:
· Работа во амбициозен и професионален тим
· Континуирана обука и можност за напредување
Работниот однос за позицијата првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци,
со можност за продолжување на договорот.
Работното време за оваа позиција е од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, пратета ја вашата пријава преку полето Брза Апликација
Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.