Медицински претставници

Октал Пхарма д.о.о е мултинационална компанија, која постои повеќе од 30 години и која работи во шест земји во регионот и е една од водечките хрватски веледрогерии. 

Од Октомври 2019 година, Октал Пхарма д.o.o. започна деловни активности во Северна Македонија, формирајќи поврзано трговско друштво Октал Пхарма ДООЕЛ увоз-извоз во Скопје.

Заради потребите на претставништвото во Северна Македонија, Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје, распишува оглас за вработување на

ДВАЈЦА МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ЗА

ТЕРИТОРИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Потребни квалификации:

• Завршено Високо Образование – медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;

• Валидна возачка дозвола Б категорија;

• Одлично познавање на MS office пакетот;

• Одлично познавање на англиски и српски јазик.

 

Опис на работнoто место:

• Претставување на палетата на производи на Октал Пхарма ДООЕЛ пред стручни лица – лекари од општа пракса и специјалисти, посета на аптеки;

• Преку продлабочување на комуникацијата со редовни посети на лекари и фармацевти да се создаде однос на взаемна доверба за квалитетот на производите кои се дел од портфолиото на Октал Пхарма ДООЕЛ Скопје се со цел подобрување на квалитетот на животот на пациентите;

• Планирање, организирање и извршување стручни презентации за производите од портфолиото на Октал Пхарма ДООЕЛ пред  лекари и фармацевти;

• Водење на редовна евиденција на базите на податоци;

• Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности;

 

Професионални знаења и способности:

• Динамична личност со изразени комуникациски вештини;

• Висока мотивираност, професионалност и дисциплина;

• Способност бенефитите од лековите да умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;

• Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.

 

Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »