Плата од 24.000 ден.
За компанијата: Друштвото ПЕКО ДОО Скопје кое е дел од групацијата ПЕКО, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. и за целиот тој период покажува позитивни финансиски резултати. На основа на официјалните податоци...
повеќе за компанијата »PЕКО Doo Skopje има потреба од 1 (еден) продажен асистент за продажното место во Прилеп на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование
- Минимум основно познавање на англиски и/или албански
- Со или без работно искуство
- Основно познавање на MS OFFICE
Личен профил:
- Љубезен и професионален однос кон потрошувачите
- Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност, способност за организација и посветеност на работата
- Динамичност, желба за работа и тимски дух
Работни задачи:
- Услуга во согласност со процедурите на компанијата
- Прием, редење, изложување и сортирање на робата
- Грижа за хигиена во продажното место
- Работа на каса
Нудиме:
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и наградувања;
Основна месечна нето плата: 24.000 ден.
Сите заинтересирани кандидати својата Професионална Биографија (CV) може да ја достават по електронски пат на следнава адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
*** Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани по завршување на огласот
Слични огласи »