Специјалист за излезни повици со германски јазик

Плата од 45.000 ден. до 50.000 ден.

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за излезни повици на германски јазик за еден од најголемите синџири за достава на здрави намирници за подготовка на храна каде што секојдневно комуницираш со клиенти обидувајќи се да им го подобриш животот преку големиот избор на здрави производи. Придружи ни се на ова здраво патување и биди гласот на здравата исхрана во светот што зборува германски јазик!

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата: почнувајќи од 47.300 денари;
  • Бонус за добредојде од 12.300 денари;
  • Работа од нашите канцеларии во центарот на Скопје
  • Неработни викенди: поминете го викендот уживајќи во омиленото хоби или заедно со најблиските;
  • Работа во една смена во првата половина на денот
  • Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Проширување на вашите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на германски јазик!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик: комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата за достава на здрава храна преку презентација на актуелните промоции;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети за најновите подобрувања на услугите кои компанијата ги нуди;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените понуди;
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;

Што бараме?

  • Германски гуру: задолжително течно познавање на германскиот јазик
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Можност за работа од канцеларија во Скопје;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
  • Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-92

Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »