
За компанијата: Визард Системи - Локација
ул. Црноризец Храбар 32, Скопје
(спроти Џевахир Скај Сити позади бензиската пумпа Макпетрол)
02 246 9999 / 075 282 727 / 070 323 323
повеќе за компанијата »Отворена работна позиција: ПРОЕКТ МЕНАЏЕР ЗА ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Во потрага сме по нов член на нашиот тим – Проект менаџер за техничко обезбедување (пректи за видео надзор, алармни системи, детекција и дојава на пожар, домофонија, мрежна опрема, контрола на пристап и евиденција на работно време)
Отворената позиција е за во нашите канцеларии во Скопје
Работни обврски
- Организирање и следење на проектни задачи во сите фази согласно временската рамка и предвидените цели
- Организирање и учество на состаноци поврзани со работни проекти
- Интензивна комуникација со проектниот тим, редовно информирање и ескалирање за работата
- Следење на сите активности
- Учество во периодична, годишна и крајна евалуација на проектните активности и резултати
- Одговорност за доверливоста и безбедноста на информациите со кои располага
Потребни квалификации:
- Пожелно електро-инженер по струка
- Задолжително познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office пакетот, AutoCAD
- Одлични комуникациски и организациски вештини и ориентација кон тимска работа
- Предност е работно искуство во раководење со проекти, процеси и стремеж за континуирано подобрување
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Комуникациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш испратете ни го Вашето CV и мотивационо писмо [најави се за да го видиш е-маилот] во период од 27.11.2023 до 15.12.2023
Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: “Za rabotna pozicija PROEKT MENADZER”
Слични огласи »