Мотиви лого

Главен оперативен менаџер

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви за потребите на свој клиент вработува:

Главен оперативен менаџер

Локација: Скопје, Северна Македонија

Нова компанија во развој за перење, сушење, пеглање и логистика на текстил за HoReCa секторот. Нашата мисија е да им го олесниме секојдневното работење на хотелите, рестораните, кафулињата, мотелите, апартманите, Booking / Airbnb и останатите сместувачки и угостителски капацитети преку брза, сигурна и професионална услуга со организирано подигање и достава.

Во потрага сме по амбициозна, претприемачки ориентирана и оперативно силна личност која ќе ја преземе улогата на Главен оперативен менаџер и ќе биде еден од клучните луѓе во поставувањето на стратегијата и развојот на компанијата од самиот почеток.

Што ќе биде Вашата улога?

  • Ова не е класична менаџерска позиција во веќе воспоставена компанија.
  • Бараме личност која е подготвена активно да учествува во градењето на бизнисот од нула, да биде присутна на терен, да ги поставува процесите, да стекнува клиенти, да го води тимот и да презема целосна одговорност за секојдневното функционирање на компанијата.

Главните одговорности вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Активна продажба и промоција кон нови клиенти од HoReCa секторот.
  • Преговарање и склучување договори со хотели, ресторани, кафулиња, апартмани и други деловни корисници.
  • Организирање, спроведување и надзор на секојдневните оперативни процеси.
  • Регрутација, воведување и управување со вработени.
  • Поставување на стандарди, процедури и работни процеси.
  • Следење на квалитетот на услугата и задоволството на клиентите.
  • Преземање иницијатива и решавање на предизвици во динамична стартап средина.
  • Одговорност за растот и развојот на компанијата во почетната фаза.

Кого бараме?

  • Минимум 3 години работно искуство во HoReCa секторот.
  • Силна работни навики и висок степен на одговорност.
  • Претприемачки начин на размислување.
  • Докажани продажни и преговарачки способности.
  • Искуство во работа со деловни клиенти (B2B) ќе се смета за предност.
  • Лидерски способности и искуство во управување со луѓе.
  • Подготвеност за практична, „hands-on“ работа кога тоа е потребно.
  • Самостојност во донесување одлуки и ориентираност кон резултати.
  • Желба за долгорочно градење и развивање на успешна компанија.
  • Комфорност со работа надвор од стандардно работно време кога тоа го бараат потребите на бизнисот.

Што нудиме?

  • Можност да бидете дел од основачкиот тим на нов и амбициозен бизнис.
  • Конкурентна фиксна плата.
  • Атрактивен варијабилен бонус врзан за резултати и раст.
  • Одлична можност за личен и професионален развој.
  • Можност за стекнување удел во сопственичката структура за вистинскиот кандидат.
  • Континуирана стратешка, организациска и професионална поддршка од основачите на компанијата.
  • Можност директно да влијаете врз развојот, културата и успехот на компанијата.
  • Основни средства за непречено функционирање, како што се службен лаптоп, телефон, канцеларија и возило.

Доколку се препознавате во оваа улога и сакате да изградите нешто значајно од самиот почеток, ве охрабруваме да аплицирате.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »