FacebookN/A likes
TwitterN/A followers
InstagramN/A followers

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

  • Објавен пред една недела
  • Европа Лек Фарма ДООЕЛ
  • Активен до 23.03.2019
  • Позиција: Доктор и медицински персонал
  • Локација: Штип

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu или страницата на ЕЛ Фарма www.elpharma.com

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

ЗА ИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 

Потребни квалификации:

  • ВСС – доктор по медицина/ стоматологија или дипломиран фармацевт
  • Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи

 

Опис на работата:

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
  • Редовни извештаи за спроведените активности
  • Учество и организирање на стручни собири
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

 

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.  Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: personal@elpharma.com.mk

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

КЛИКНИ