Агенција Рејтинг вработува „Постар истражувач“

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

           Агенција Рејтинг вработува  -Постар истражувач

 

Агенција Рејтинг вработува „Постар истражувач“ којшто ќе му се придружи на нашиот истражувачки тим и ќе го води процесот на севкупното планирање, координација, имплементација и контрола на истражувачките проекти.  Позицијата дозволува голем напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа. Главни одговорности:

  •          Дизајн на прашалник и планбирање на истражувачки проекти
  •          Анализа, сортирање и проверка на податоци од истражување
  •          Изготвување на наративни извештаи со препораки и заклучоци за  клиентите
  •          Комуникација со клиенти и презентација на резултати
  •          Дизајнирање на понуди и бизнис развој
  •          Дефинирање на буџети за проекти и менаџирање со финансии

Квалификации:

·         Универзитетска диплома од областа на општествените науки. Магистратура или докторат ќе се сметаат за предност

·         Минимум 5 години работно искуство, раководна позиција ќе се смета за предност

·         Одлично познавање на квалитативни и квантитативни методи на истражување

·         Одлично познавање и работа со SPSS софтверот

·         Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word)

·         Одлични менаџерски способности

·         Познавање на англискиот јазик

·         Аналитички вештини и око за детали

·         Подготвеност да се работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови

·         Подготвеност за индивидуална и тимска работа

 

  Работно време е од 9 до 17. Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »