Касиери (Скопје)

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна веќе 29 години.
Лоцирани сме во Куманово и Скопје, поради успешната работа и зголемената продажба нашиот тим продолжува континуирано да расте.
Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Постојано инвестираме во трговскиот капацитет со цел да ја зголемиме комфорноста на нашите ценети купувачи.  Нашата основна цел и препознатливост се добрата услуга и врвниот квалитет на производите кои ги нудиме.
Нашите вработени се движечката сила и затоа се стремиме континуирано да вложуваме и инвестираме во чивечките ресурси.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач!

Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од:
Касиери/ки за продажно место Алфи Техноцентар, Скопје 

 

Доколку сте:
- амбициозни,
- енергични,
-посветени во работењето,
- претпазливи и внимателни во процесот на работа,
- сакате да научите повеќе и континуирано да се усовршувате,
- позитивни и подготвени за тимска работа,
Тогаш Вие сте вистинскиот кандидат кој го бараме да ни се придружи во тимот и заедно да остваруваме успеси!

Обезбедуваме:
- Редовни месечни примања
- Бонуси за успешно работење
- Потребни услови за работа и позитивна работна атмосфера

Вашето резиме (CV) доставете ни го на  [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Касиери/ки (Скопје)“
- Можете да не исконтактирате и на телефонскиот број 076 / 448 505
* Сите кандидати ќе бидат исконтактирани
* Сите апликации се третираат со доверливост

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »