Account Manager

  • Објавен на 2.2018
  • Гудмудмедиа
  • Активен до 15.02.2018
  • Позиција: Видео/Продукција
  • Локација: Скопје

Account Manager

 

Описот на работното место вклучува:

  • Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите,
  • Секојдневна комуникација и координација со клиентите,
  • Презентации на клиентите,
  • Реализација на маркетинг стратегиите на клиентите,
  • Подготовка на планови и следење на кампањите,
  • Следење на работењето на членовите на тимот,
  • Управување со проекти, буџети и тимови,
  • Континуирана комуникација со другите тимови во продукцијата,
  • Подготовка на извештаи и анализи за постигнатите резултати.

 

Услови:

  • Способност за аналитичко размислување и расудување, како и способност за вршење на повеќе задачи истовремено,
  • Одлични презентациски и преговарачки вештини,
  • Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите,
  • Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање,
  • Универзитетска диплома,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Напредно ниво на користење на Microsoft Office пакетот, особено Excel и Powerpoint,
  • Пожелно е претходно работно искуство во маркетинг агенција, иако не е пресудно.

 

Tи нудиме можност за работа во: 

  • Динамична средина,
  • Професионален развој и усовршување.,
  • Личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста ќе бидат особено ценети.

 

Ако ова ти звучи интересно и веруваш дека можеш да придонесеш во исполнувањето на целите на агенцијата и нашите клиенти, испрати ни го твоето CV заедно со детално објаснување зошто сметаш дека си добар во оваа работа на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 10.02.2018 година.

Ве молиме без телефонски јавувања.

Некомплетните пријави нема да бидат разгледувани.

Само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »