АТМ Техничар

Работно место: АТМ ТЕХНИЧАР

Компанијата PAYTEN ги проширува своите тимови и има потреба од кандидати за работна позиција АТМ техничар

Доколку сте кандидат со искуство и знаење наведено во услoвите за позицијата, заинтересирани за учење, развој и работа во динамична работна средина, сакате да ги развивате своите вештини и да учите од искусни професионалци, тогаш не ја пропуштајте оваа прилика.

На позицијата АТМ техничар, Вашите основни задачи се следните:

Поправка на опрема и делови, складирање и документирање:

• Анализа на недостатоците и поправка на неисправни делови.

Техничарот ќе биде одговорен за поправка на делови кои се неисправни, да ја извршат поправката (низ симулирање на проблемите и тестирање)

• Oдржување и поправка на банкомати. Работа на различни модели на банкомати,

• Способност за брзо и прецизно да дијагностицирање на проблемите

• Изработка на документација поврзана со интервензии/ превентивно одржување (проблем, решавање, проблеми направени во рекот на интервензијата) со што ќе се осигурате за доследноста и придржување кон политиката на Payten.

• Собирање податоци за исправноста и гарантниот рок на опремата/резервните делови, дистрибуцијата и враќањето на резервните делови и во контакт со колегите, со цел да се обезбеди функционална опрема во согласност со договорените стандарди.

Известување: за квалитетот на интервенцијата, статусот, затворање на апликацијата по завршувањето на интервенцијата, за да се обезбеди следење на потрошеното време, активности за планирање на ресурсите и да се овозможи прецизно следење на одредени KPI.

Одржување: во согласност со технологиите на добавувачот/ внатрешен оддел за SW, со цел да се овозможи квалитетна поддршка при одржување, инсталации и поправки на специфична опрема

Услови за работната позиција:

• Образование: техничко средно училиште е задолжително ниво, а ќе се смета за предност доколку кандидатот поседува и сертификат од областа на поправка на опрема

• Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство во поправка АТМ уреди.

• 1 – 3 години работно искуство во одржување на ИТ опрема, дијагноза на дефекти и поправки

• Неопходно е познавање на компјутерски хардвер и софтвер, основни познавања од работењето на банкоматите

• Пожелно е кандидатот да има положено курс или сертификат од некој од продавачите (Wincor, Diebold Nixdorf, NCR...)

Јазик:

• Потребно е добро познавање на англискиот јазик

Потребни знаења и вештини:

• Работа на компјутер, познавање на компјутерски хардвер

• Потребно е поседување возачка дозвола за возила од Б категорија

• Развиени комуникациски вештини и ориентација кон клиенти

• Проактивен пристап кон работата и решавање на задачите

• Организација и проактивен пристап

Што им нудиме на нашите вработени:

• Работа во стабилна компанија

• Можност за учење и напредување, професионални предизвици

• Дополнително приватно здравствено осигурување за сите вработени

• Организирање на настани и тим билдинзи

За да аплицирате за оваа позиција испратете го Вашето CV на маил  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Апликација за АТМ Техничар.

Почитувани кандидати,

Ние многу го цениме вашиот интерес за работа во нашата компанија и времето што го одвоивте за да го разгледате огласот и да аплицирате.

Бидејќи не можеме да контактираме со секој од вас, имајте предвид дека само кандидатите кои што ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат контактирани и информирани за следните чекори во процесот.

Ви благодариме на разбирањето!

За повеќе информации за компанијата, посетете ја Нашата Веб страна https://www.payten.com/

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »