Ел. техничар инсталатер

Вулфи Нет има потреба од проширување на тимот за инсталации и техничка поддршка. Бараме пред се љубезен и доверлив техничар кој во координација со тимот, ке врши инсталација на нови и техничка поддршка на постоечки системи.

Потребно Образование: Електротехника/ССС или друга стручна спрема

Работно искуство:  Предност ке имаат кандидатите со работно искуство.

Опис на работно место:

Поставување на комуникациски кабли (бакарни и оптички).
Поставување на носачи за кабли.
Поставување и поврзување на опрема на терен.
Техничка поддршка на терен постоечки системи.

Бараме да имате:

Возачка Б катергорија
Базично познавање од системи за техничко обезбедување или пасивни компјутерски мрежи.
Искуство со ракување со рачен и електричен алат.
Страст за технологија, и позитивен став за решавање технички проблеми.

Фирмата нуди:

Континуирано техничко усовршување. 
Обуки и сертификација.
Трајно вработување и можност за напредување.
Пријатна и динамична работна средина.

Кратка биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »