Референт за телефонска и теренска наплата на долгови

За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање... повеќе за компанијата »

Финасиско друштво Еазу Фајнанс АД Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.

Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.

Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како Референт за телефонска и теренска наплата на долгови

Позицијата вклучува:

  • Евиденција на клиенти во долг
  • Навремена телефонска комуникација со должници
  • Секојдневнни обиди за наплата на долг преку разни канали 
  • Теренска посета на должници
  • Посетување и потврдување на валидноста на адресите на должниците
  • Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.

Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност

  • Завршено средно образование;
  • Познавање и работа со компјутери;
  • Предност имаат кандидати со претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција, агенција за наплата на долгови
  • Возачка дозвола Б категорија (користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се смета за предност).
  • Ние нудиме супер работна атмосфера, фиксна плата + бонус, можност за напредување и развој на кариерата.

Потребни услови:

  • ССС
  • Вредна, упорна личност со одлични преговарачки и организациони способности    
  • Тимски дух
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати     
  • Организираност и одговорност
  • Претходно работно искуство во банка или финансиско друштво се смета за предност

Ние нудиме:

  • Обука за работното место
  • Одлична работна атмосфера
  • Фиксна плата +бонуси
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим.

Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »