Специјалист за дигитален маркетинг

За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ... повеќе за компанијата »

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во сектор маркетинг, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Ваши задачи:

  • Користење и практична работа во анализа на дигитална дата база на податоци (конкуренција, потрошувачи..) како би можел да извлече и да даде клучни препораки за маркетинг рекламна стратегија и веб оптимизација.
  • Конципирање и изработка на рекламна стратегија на ВЕБ и СОЦИЈАЛНИ МЕДИУИМИ
  • Спроведување на аналтичка евалуација на социјалните медиуми за да ја применува најдобрата практика која ја предлага за брендот.
  • Ги мониторира клучните онлајн маркетинг параметри за да ја следи успешноста на рекламирањето
  • Координира со тимот за продажба/набавка за да може да креира маркетинг и рекламна кампања
  • Комуникација и координација со специјализирани агенции за интернет и онлајн рекламирање со кои работи КАМ
  • Спроведува анализа во делот на дигитални маркетинг активности
  • Одговорен и координатор за изработка на веб страни, мобилни апликации, промотивни дигитални брошури
  • Уредување на веб страната од аспект на графички изглед (насоки и визуелен приказ)
  • Задолжение за изготвување на неделни/месечни планови и извештаи за спроведени активности

Вашиот профил:

  • Високо образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Задолжително работно искуство од 3-5 години во областа на дигитален маркетинг, рекламна агенција или компанија
  • Јаки организациски и комуникациски вештини, креативност и иницијативност за самостојно истражување, максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти, почитување рокови и работа под притисок
  • Високи естетски критериуми
  • Познавање и употреба на различни алатки за интернет и онлајн рекламирање
  • Познавање на процесот на градење дигитална маркетинг стратегија за онлине рекламирање
  • Способност за решавање на проблеми
  • Имате одлично познавање на MS Office

Ние Ви нудиме:

  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Почетна загарантирана нето плата од 45.000 денари ,
  • Исплата на регрес во износ три пати повисок од законски пропишаниот, 
  • Слободен ден за роденден, 
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам; 
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден 
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид; 
  • Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици  и стекнување нови искуства и вештини

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница

web: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »