БРЕНД МЕНАЏЕР

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu и www.phoenix-all-in-one.eu  

 

За потребите на наш клиент, светски реномирана фармацевтска компанија, Ве повикуваме да се приклучите нанашиот тим, на работно место

 

БРЕНД МЕНАЏЕР

ОДГОВОРЕН НА ПОРТФОЛИО

 

Потребни квалификации:

  • ВСС – доктор по медицина/ стоматологија или дипломиран фармацевт
  • Минимум три години искуство во промоција на фармaцевтски производи
  • Искуство во креирање и извршување на Маркетинг план, вклучително план за продажба, клучни индикатори на перформанси, SWOT анализа, критични фактори на успех, ќе се сметаат за предност.

  • Одлично познавање на MS Office

  • Возачка дозвола Б категорија - активен возач

  • Одлични комуникациски и презентациски способности

  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи

 

Опис на работата:

  • Креирање и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија

  • Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител

  • Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти

  • Редовни извештаи за спроведените активности

  • Организација и учество на стручни собири

  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар

 

Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

 

Работното време за оваа позиција е од 08:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »