За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Супервизор на филијали
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.
Позицијата вклучува:
- Одговорност за остварување на бизнис планот на филијалата и нејзино позиционирање на локалниот пазар;
- Редовна посета на филијалите во мрежата и развој на кредитното портфолио на филијалите во рамки на регионот;
- Следење на лимити на готовина;
- Ад-хок контроли на готовината;
- Редовни контроли на оперативните процеси по вработен во филијала, контрола на квалитет на директна комуникација со клиентите, како и повремени контроли договорени со Директор на сектор;
- Редовен мониторинг на спроведувањето на процедурите;
- On-job coaching – работа на професионален развој на членовите на тимот и развој на продажни вештини преку сценарија и дискусии;
- Редовна евалуација на вработени и насочување;
- Учество во избор на кандидати за отворени позиции во Филијали;
- Обезбедување соодветна обука на работното место и интернат;
- Редовни посети на филијалите, во согласност со месечен план за посети.
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџерот на филијали/Директорот на секторот.
Профил на кандидат:
- Пожелно ВСС – економски факултет
- Минимум 1 година работно искуство во филијала
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични организациски способности
- Способност за работа во динамично опкружување
- Комуникативност и доверливост
- Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации
Услови од компанијата:
- Конкурентен надоместок и дополнителни бонуси
- Редовни обуки за надградување на знаењето
- Современа и најнова технологија
- Можност за реализација на амбициозни идеи и предизвикувачки цели
- Други бенефиции, каде што е применливо (автомобил на компанијата, телефон на компанијата итн.)
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Приватно здравствено осигурување по првата година
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје
Слични огласи »