Јуниор моушн дизајнер

За компанијата: Контура е студио за графички дизајн, кое нуди целосна услуга во областа на: креативниот дизајн, високо квалитетното печатење и професионалната доработка на производите. Создаваме креативни решенија за клиенти од широк опсег на индустрии и деловни субјекти. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2021
  • Контура
  • Активен до 30.04.2021
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +389(0)26146059
  • Веб: www.kontura.mk

(преземи го огласот како PDF)

Сакаш да ги оживееш дизајните?
Уживаш кога додаваш движење на графичките креации?

Бараме МОУШН ДИЗАЈНЕР подготвен за нови предизвици и искуства, кој ќе го примени своето знаење во создавање креативни визуелизации и анимации.

Вештини и способности:

  • Искуство во работата и познавање на Adobe After Effects, Adobe Illustrator, Adobe Photoshop, (Adobe Premiere - основно познавање)
  • Познавање на Microsoft Office
  • Професионален и позитивен однос
  • Креативност и само-иницијатива
  • Око за детали
  • Навременост и почитување на рокови
  • Флексибилност, подготвеност за самостојна работа и работа во тим, согласно поставените цели
  • Способност за работење на повеќе задачи истовремено 
  • Желба за учење и надградување на знаењето

Одговорностите вклучуваат:

  • Развој на креативни решенија со визуелни ефекти
  • Комуникација и дневна координација со други сектори
  • Комуникација со клиенти
  • Следење на новите трендови во креативната индустрија

Зошто Контура?

  • Пријатна атмосфера за работа
  • Отворена комуникација и фер фидбек
  • Стабилност на работата и можност за раст

Ние ги цениме луѓето и сакаме да растете со нас. Да се работи со нас значи работење во динамична средина со млад и амбициозен тим каде што процесот на учење никогаш не запира.

Аплицирај за позицијата ЈУНИОР МОУШН ДИЗАЈНЕР. Испрати го твоето CV и портфолио на [најави се за да го видиш е-маилот] со напомена за јуниор моушн дизајнер, најдоцна до 30.04.2021.
 

Познаваш некој кој одговара на описот?
Извести го за нашата отворена работна позиција.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »