Магационер/Логистичар

За компанијата: ОВЕРНЕТ ДМД е македонска компанија основана во 2007 година. Во изминатиот период ОВЕРНЕТ ДМД прерасна во препознатлив бренд во ИТ секторот во Македонија. ОВЕРНЕТ ДМД е главно насочена кон Business-to-Business... повеќе за компанијата »

Овернет ДМД има потреба од МАГАЦИОНЕР/ЛОГИСТИЧАР кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Оператива

Пол: машки/женски

Старосна граница: без ограничување

Бражен статус: без ограничување

Потребни квалификации: ССС

Работно искуство: Не е задолжително

Пожелно е работно искуство во делот на водење на магацин и обезбедување на логистичка подршка.

Главни одговорности и задолженија :

Набавка, евидентирање, доделување и складирање на хтз опрема, рачен алат, потрошен материјал, потрошен алат, електричен алат, машини (генератори, компресори, ровокопач и сл.), возила, помошни средства (телефони, лаптопи, таблети, токи воки, маси, и слично)

Контакт со тековни добавувачи, следење на квалитетот на производите, наоѓање други потенцијални добавувачи.

Контакт со вработени, контрола на задолжувањата, евидентирање на квалитетот на материјалот, опремата и алатот, нивното чување и одржување.

Набавка, евидентирање, доделување и складирање на материјал од коминтенти и негово евидентирање на задолжувањето и раздолжувањето по проекти и подизведувачи.

Контрола и грижа за уредноста на дворниот простор и магацините (отворен и затворен)

Контрола на возен парк во смисла на евидентирање на трошоци за одржување на возила, потрошувачка на гориво, редовни сервиси, редовни промени на уље, зимска опрема и сл. Контакт точка со сервисери на возила.

Комуникација со главниот административен работник во компанијата.

Логистички активности за набавка и испорака на материјал и опрема за продажба.

Отстранување на отпадниот материјал.

Подготвување на извештај за извершените активности и укажување на проблеми при тековните активности.

Почитување на безбедносните процедури и стандарди

Почитување на работните процедури и тимска работа

 

Способности :

Компјутерска писменост

Спремност за работа во различни апликации

Тимска работа

Способност за организација на сопствените работни ангажмани

Возачка дозвола Б категорија

Спремност и способност за стекнување со нови знаења

Самоиницијативност

Работни услови:

Работа во просториите на компанијата т.е нејзините магацини и по потреба за обезбедување на логистика низ реонот на Скопје.

Плата од18.000 до 22.000,00

Висината на платата зависи од спремноста за извршување на задачите како и воспставување и почитување на процесите и процедурите.

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава е-mail адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »