СЛОВЕНИЈА ПОМОШНИК ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ

За компанијата: ОВЕРНЕТ ДМД е македонска компанија основана во 2007 година. Во изминатиот период ОВЕРНЕТ ДМД прерасна во препознатлив бренд во ИТ секторот во Македонија. ОВЕРНЕТ ДМД е главно насочена кон Business-to-Business... повеќе за компанијата »

Овернет дмд има потреба од ПОМОШНИК ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Оператива во Словенија.

Пол: машки/женски

Старосна граница: без ограничување

Бражен статус: без ограничување

Потребни квалификации:

ССС

Пожелно е ССС од електротехничка насока или сродна

Работно искуство:

Не е задолжително

Пожелно е работно искуство во делот на поставување на бакарни или оптички мрежи и нивно поврзување.

Работно искуство за работа со електричен алат (хилта, штрафилица и слично)  е предност.

Лесно прилагодливи се техничари кои немале директен допир со телекомуникациска ннфраструктура но имале искуство со нискострујни инсталации (камери, безбедносни системи, аларми и слично)

Главни одговорности и задолженија :

Монтажа на телекомуникациска инфраструктура на терен

Помошни градежни работи

Грижа за алатот и материјалот за работа при извршување на работните задачи

Следење и извршување на работните задачи доделени од страна на Раководителот

Отстранување на отпадниот материјал по извршена работа

Подготвување на извештај за извершените активности и укажување на проблеми при инсталација и монтажа

Почитување на безбедносните процедури и стандарди

Почитување на работните процедури и тимска работа

Способности :

Способност за ракување и одржување на електричен и рачен алат и прибор.

Тимска работа

Способност за организација на сопствените работи ангажмани

Возачка дозвола Б категорија

Спремност и способност за стекнување со нови знаења

 

Посакувани способности:

Kвалификација за инсталер.

Способност за управување и одржување на машини за дување на оптички кабли и компресори.

Ц и Е испит за возачка дозвола

Работа на висина (до 12 метри) на телекомуникациски бандери со качувалки  (без корпа и без скала).

Работно искуство

Животно искуство

 

Основен алат за работа:

Хилта, штрафилица, рачен алат, агрегати, обичен тестер за бакарна мрежа, мерач на ниво на оптички сигнал за оптичка мрежа

Работни услови:

Воглавно теренско работење на територијата на Љубљана но и низ цела Република Словенија.

Сместувањето и патните трошоци за 3 релации Македонија- Словенија е обезбедено од страна на Овернет ДМД.

Со работа се започнува во март 2020.

Договор на една година со пробен период од 3 месеци.

Гаранција за непрекинување на договор од страна на работникот.

Плата од 600 до 800 евра.

Висината на платата зависи од спремноста за извршување на задачите.

Можност за работа во други држави согласно претходно договорени и најавени услови.

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава е-mail адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »