МАРКЕТИНГ КОНСУЛТАНТ

Т-Динамикс Консалтинг има  отворена позиција за:

 

Mаркетинг консултант - работното место предвидува самостојна работа и креативен пристап од страна на консултантот во процесот на промовирање на компанијата и зголемување на портфолиото на клиенти. Маркетинг асистентот ќе соработува директно со извршниот менаџерски тим и ќе ги координира сите активности преку е-маил и директна комуникација. Т-Динамикс ќе обезбеди 5-дневна обука за запознавање со активностите на компанија и услугите кои се нудат.

 

Работни активности:

  • Макретинг истражувања за идентификација на потенцијални клиенти или предходно дефинирани процеси од интерес на компанијата,
  • Подготовка на промoтивни документи, корпоративни брифинзи, памфлети и дигитални рекламни содржини,
  • Дневни активности од областа на дигиталниот маркетинг (е-маил промоции, социјален маркетинг и останати е-базирани активности),
  • Подготовка на вести и информации поврзани со работата на компанијата и поставување на истите на онлајн профилите (интернет сајтовите и социјалните профили),
  • Директна комуникација со клиентите,
  • Повремени посети на клиентите за директна промоција и развој на бизнис односи,
  • Графичко уредување и дизајнирање на содржини (слика/текст),
  • Работно време: Понеделник – Петок од 09.00 – 17.00ч.

 

Критериуми:

  • Одлично познавање на MS Word, Excel, PowerPoint, Outlook, активно користење на барем една графичка средина (Photoshop или Corel) и интернет пребарување (дел од интервјуто е краток тест за работа на овие апликации),
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување). Поголемиот дел од клиентите и маркетинг активностите се насочени кон странскиот пазар,
  • Потребно образование: Завршени високо образование или студирање во тек,
  • Активно искуство во веб дизајн ќе се смета за предност,
  • Позицијата посебно се препорачува за студенти од последна година на студии во областите на маркетинг, е-бизнис или информатичка технологија. Компанијата има флексибилен пристап кон работното време за потербите на присуство на факултет.

 

Примања и останати придобивки:

  • Плата: 20,000.00 ден,
  • Социјално и здравствено осигурување на полно работно време,
  • 20 дена платен годишен одмор по избор на вработениот.

 

Заинтересираните кандидати може да аплицираат преку е-маил на:  [најави се за да го видиш е-маилот] со CV на англиски јазик. CV-то мора да има податоци за контакт по е-маил, скајп и слика од кандидатот. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »