Продавач - Битола

  • Објавен пред 3 месеци
  • Нептун Македонија
  • Активен до 13.10.2017
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Битола

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:

ПРОДАВАЧ

Со место на вршење на работните задачи во Битола – 1 позиција

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба; 
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
  • Поседување на возачка дозвола за Б категорија;   
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема ќе биде предност.

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на бела техника, ИТ, ТВ, аудио и видео опрема;
  • Работа со документи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон;
  • Континуирано учење на техничките карактеристики на производите за продажба;
  • Други работни задачи поврзани со секојневното функционирање на продажниот салон.

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Пробна работа/обука со времетраење од еден месец;
  • Почетна основна нето плата во износ од 13.186 денари, редовна нето плата од 16.482,00 денари;
  • Можност за остварување на дополнителен продажен бонус и инсентиви;
  • Работа во две смени, понеделник - сабота (09:00h-16:00h/15:00h-21:00h).

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место  испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака:  “Оглас за Продавач во Битола”.

Огласот е активен до 13.10.2017 година

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
КЛИКНИ