2 работни позиции: Медицинска сестра и оптометрист

За компанијата: “Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето... повеќе за компанијата »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА

 

“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

Поради проширување на својот тим, „Систина Офталмологија“ - Скопје  објавува оглас за вработување на две работни позиции за:

 

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

 

Потребни квалификации:

  • Медицинско образование  
  • Положен државен испит за медицинска сестра
  • Работно искуство од 1 година ќе се смета за предност
  • Развиени компјутерски вештини
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање албански јазик задолжително

 

ОПТОМЕТРИСТ

 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран оптометрист
  • Со или без работно искуство (работното искуство ќе се смета за предност)
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
     

Личен профил:

  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини
  • Аналитички способности, упорни и енергични
  • Професионален и позитивен однос
  • Љубезност, учтивост и хуманост
  • Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака „За оглас за медицинска сестра“ или „За оглас за оптометрист“ – за местото за кое аплицирате за работа.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »