- Објавен на 5.2019
- Кодинг 2
- Активен до 28.05.2019
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 022039891
За нас
Кодинг 2 е организација која со својата успешна работа и соработка со голем број домашни и интернационални компании успеа да се изгради во препознатлив бренд на овие простори, повеќе од 25 години.
Со своите основни дејности проектирање, трговија, изведба, монтажа на водоводни и канализациони материјали успеа да ја зацврсти својата позиција и да делува на овие простори ефективно и ефикасно; се’ со цел да им обезбеди на своите клиенти голем избор на водоводни и канализациони материјали. Кодинг 2 располага со надворешен простор од повеќе од 4,000 м2 и повеќе од 1,000 м2 внатрешен (магацински) простор.
Повеќе информации за нас и нашата работа може да најдете на: http://koding2.mk
Бараме Специјалист за Развој на Бизнис, кој во соработка со менаџментот ќе помогне да се остварат нашите зацртани планови и стратегиски цели.
Потребни квалификации
- Завршено факултетско образование (кандидати со Економски, Градежен или Машински факултет ќе имаат предност)
- Мин 3 години работно искуство во слична работна позиција
- Способност за работа во Ms Office (Word, Excel, PowerPoint)
- Познавање на англиски јазик
Идеалниот кандидат за оваа работна позиција е личност:
- Со високо-развиени комуникациски вештини
- Со вештини за преговарање и продажба
- Која покажува самоиницијатива и внесува иновации во работењето
- Способна за работа со деловни клиенти
- Која е динамична, креативна, полна со ентузијазам за професионален развој
Специјалист за Развој на Бизнис ги има следниве работни задачи:
- Спремање на документација и следење на тендери
- Подготовка на понуди
- Подготовка на испратници, спецификации и фактури
- Разни маркетинг активности
- Секојдневна комуникација со (нови) клиенти
- Услужување на корпоративни клиенти
- Комуникација со интернационални партнери (нарачки, секојдневна комуникација, следење на материјали, воведување нови производи, следење на трендови на пазарот, итн)
- ISO Стандардизација
Сите заинтересирани кандидати, може да поднесат професионална биографија најдоцна до 01.06.2019 на [најави се за да го видиш е-маилот]
Преку телефон ќе бидат закажани интервјуа со оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.