Бараме Дадилка
Работни задачи и одговорности на Дадилка:
Води грижа за здравјето и безбедноста на децата;
Се грижи за хигиената и чистотата;
Припрема храна за децата и помага во нивно хранење;
Планира дидактички методи, форми и принципи на работа со деца од предучилишна возраст;
Работи на адаптацијата и социјализацијата на децата како и на унапредување и развивање на интелектуалните и комуникациските вештини;
Создава основа и интерес кај децата за развивање на основните културно-хигиенски и работни навики;
Ги знае и разбира развојните фази кај децата од предучилишна возраст и планира едукативни активности согласно нивната возраст;
Oсмислува и развива outdoor активности во природа за децата, кога временските услови го дозволуваат овој метод на работа.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
Лојалност и чесност;
Доверлива личност;
Вредна и позитивна личност;
Одговорност и посветеност кон работата;
Флексибилност и адаптибилност;
Желба за работа со деца;
Jа сака планината и ја адаптира својата програма за outdoor активности во природа.
Потребни квалификации:
ВСС (Педагошки факултет, насока Предучилишна возраст, Педагогија);
Потребно е искуство на слична работна позиција и препораки од претходни работодавачи;
Флексибилно работно време.
Локација: Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 20.02.2022
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил:
[најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Дадилка.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски
Disclaimer:
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати.
Слични огласи »