Системски инженер - сајбер безбедност

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Активни огласи од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ИЛИНДЕН:

Инженер за софтвер за инструмент табли

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Во одделот за истражување, равој и тестирање на електрични компоненти и системи на автобуси, компанијата има потреба од ИТ инженер.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

СИСТЕМСКИ ИНЖЕНЕР - САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одговорен за сите аспекти во однос на сајбер-безбедноста
  • Анализа на тековни имплементации и поставување на системски дизајни за нови возила
  • Дава поддршка за време на на развој на софтверот и при тестирање на истиот, со цел овозможување на правилно имплементирање на сопствениот дизајн
  • Соработува со добавувачи за исполнување на нашите барања за сајбер-безбедност
  • Ги подобрува процесите на тестирање, прави тест планови, и сл.
  • Соработува со ИТ одделот заради овозможување на процеси потребни за сајбер-безбедност
  • Работа во Agile/SCRUM тимови според V-моделот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Магистрирал, дипломирал, или стекнал еквивалентно работно искуство во областа на електроника/автомобилска индустрија
  • Познавање на автомобилски софтвери, електроника и мрежи (претежно CAN)
  • Искуство во примена на ISO/SAE 21434: методологија, процеси и технички решенија
  • Искуство во работење во Agile средина (SCRUM)
  • Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
  • Темелно познавање на општа електроника, електроника за возила како и тестирање на софтвер
  • Способен да комуницира течно на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)

Ќе се смета за предност доколку апликантот:

  • завршил студии на ФЕИТ на смеровите: ТКИИ, КХИЕ или КСИАР
  • имаат искуство со апликативен софтвер за возила
  • имаат практично познавање на Automotive Spice, развој на V-модел, ISO26262
  • имаат искуство во HIL/SIL тестирање

ШТО НУДИМЕ:

  • разновидна работа и предизвикувачки проекти
  • можности за обука и раст во рамките на организацијата
  • да бидете дел од динамичен тим каде што се ценат индивидуалните иницијативи
  • работа во реномирана меѓународна компанија
  • работно време понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно
  • организирана исхрана и превоз

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите:  28.07.2021 година.