Техничар за одржување

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработувањe на

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Работни задачи

  • Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство;
  • Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи;
  • Контрола на нивото на залихи на резервни делови во магацините;
  • Останати сродни работни задачи и задолженија;

Потребни вештини, знаења и искуство

  • Задолжително средно образование од техничките науки ( Електро/Машинска струка);
  • Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика
  • Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат
  • Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик;
  • Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk во делот на отворени работни места.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 15/08/2017

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »