Доставувач Кичево

За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Новиот лидер на пазарот на поштенските услуги, најголемата интернационална специјализирана компанија за достава во Република Македонија, има потреба од проширување на тимот во канцеларијата во Кичево на позицијата:  

ДОСТАВУВАЧ 

Квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Солидно познавање на градот и околните места
  • Познавање на албански јазик
  • Искуство со теренска работа
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со користење на мобилен уред
  • Искуство со работа на компјутер
  • Искуство со работа со фискален уред

Опис на работни задачи:

  • Достава на пратки на терен, со користење на службено возило, службен велосипед или мопед и достава на поштенски пратки пеш.
  • Преглед на извештаите на дневна база
  • Грижа за опремата за работа
  • Предавање и примање на поштенските пратки, писма и пакети

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV)   преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Доставувач - Кичево” во насловот на пораката.    

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
  • Потребно е кандидатот да е со место на живеење за реонот за кој аплицира.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »